Скопје Документи

Ниту за загадениот воздух во Скопје не била надлежна: Обвинувања кон Арсовска за негрижата кон градот и скопјани

КУРИР дојде до документацијата. Зелен хуман град доби одговор во писмена форма, но од него никаква корист.

Ниту за загадениот воздух во Скопје не била надлежна: Обвинувања кон Арсовска за негрижата кон градот и скопјани

По поднесена Иницијатива за превземање мерки за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје произлезени од граѓанското климатско собрание на Скопје, градоначалничката на Град Скопје се прогласила за ненадлежна.

Вратила образложение на 30 страници, а заклучокот на целиот текст е дека нема речиси ништо да се преземе.

Овие обвинувања на денешната седница на Совет на Град Скопје ги истакна советникот на „Зелен хуман град“, Горјан Јовановски.

Тој јасно предочи дека доколку Арсовска сака може да започне и иницира соработка со сите засегнати институции за да се најде најдобро можно решение за овој огромен проблем со кој се соочуваат скопјани. Јовановски смета дека не е во ред градоначалничката Арсовска да вели дека не е надлежна, туку дека Град Скопје треба да биде предводник на промените.

Советникот оцени дека со ваквото однесување, градот се оградува од одговорност.

-Градот може да го прави тоа. Ако ние сме успеале и закон да доставиме во Собрание, значи сме успеале да издејствуваме друга организација или друг орган да спроведе нешто по барање на градот. Значи дека можете да превземете нешто без разлика што ние не сме надлежни, рече советникот.

Курир

-Само една активност имате предвидено – „субвенционирање на јавниот превоз во денови на алармантно загадување на воздухот“. Толку е, една активност ние сме преземале во оваа програма. Не треба да формираме групи со советници, да дискутираме и заедно да се држиме за рака…Ова го правевме, трета година сме овде, сме доставувале иницијативи и предлози. Треба извршување на работите и затоа упорно бараме да се преземат конкретни мерки… Ако ова не го изгласаме, ако ова не го правиме сега, нема да има ниту еден од нас образ да излеземе пред граѓаните и да кажеме „Ние направивме нешто за воздухот и бидете среќни дека нема да фатите рак и бидете среќни дека вашите блиски нема да умрат од воздухот како 5.000 други граѓани во Македонија“, истакна Јовановски.

КУРИР дојде до документацијата. Зелен хуман град доби одговор во писмена форма, но од него никаква корист.

Најчести изрази во 30-те страници се дека Арсовска не е надлежна.

 

 

Целата Иницијатива можете да ја прочитате на ОВОЈ ЛИНК

 

To top