Македонија ВМРО-ДПМНЕ со реакција

СДС да се соземе, а Каевски да одржи прес пред вила Водно и да побара од Пендаровски да престане со мачо балканското однесување на навреди кон Силјановска

-И наместо да измислуваат, да фингираат документи, Каевски нека побара отворено од Пендаровски да престане со мачо Балканското однесување, кое има сериозни елементи на примитивизам, изразено со тешки навреди кон неговата противкандидатка и пред се жена професорката Силјановска.

СДС да се соземе, а Каевски да одржи прес пред вила Водно и да побара од Пендаровски да престане со мачо балканското однесување на навреди кон Силјановска

Нека се соземе СДС. Каевски треба да одржи прес пред вилата Водно, каде Пендаровски удобно си седи со Еролд Муслиу, Асаф и останатите мешетари кои смислуваат фалсификати, и сето тоа платено со народните пари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И наместо да измислуваат, да фингираат документи, Каевски нека побара отворено од Пендаровски да престане со мачо Балканското однесување, кое има сериозни елементи на примитивизам, изразено со тешки навреди кон неговата противкандидатка и пред се жена професорката Силјановска.

Финално, и СДС и Пендаровски треба да сфатат дека не се коментатори на фудбалски натпревар па да кажуваат дали би било добро или не би било добро да биде прифатен условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на следните избори да се избира собрание, туку јавно директно и недвосмислено и СДС и Пендаровски да кажат дали го прифаќаат условот на ДУИ.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top