Фудбал 19 фудбалерки анонимно го обвинуваат за малтретирање

Oставка на бразилскиот тренер по обвинувања за сексуално вознемирување фудбалерки

Тренерот на бразилскиот женски фудбалски клуб Сантос, Клејтон Лима (49) поднесе оставка по обвинувањата за сексуално и психичко малтретирање фудбалерки.

Oставка на бразилскиот тренер по обвинувања за сексуално вознемирување фудбалерки

Лима го напушти Сантос во септември лани откако бразилскиот весник „Глобо Ге“ објави писма во кои 19 фудбалерки анонимно го обвинуваат за малтретирање.

Тренерот, кој за цело време тврди дека е невин, се врати на клупата овој месец откако клупската истрага не најде докази за тврдењата на фудбалерките. Сепак, неговото враќање во Сантос предизвика бран протести кај фудбалерки од другите клубови. Неколку од нив пред натпреварите носеа дресови со број 19, алудирајќи на бројот на анонимни пријави, додека други во знак на протест ги ставија рацете на уста.

„За да го зачува своето семејство, својот интегритет и самиот клуб Сантос, Клејтон Лима поднесе оставка“, соопшти славниот бразилски клуб.

„Од неговото враќање на клупата, тој е мета на критики, па дури и смртни закани, поради обвинувањата кои датираат од минатата година. Иако е убеден дека не извршил ниту едно од делата за кои се товари, Лима сфати дека неговата оставка е најдобрата опција за сите страни“, се додава во клупското соопштение.

Лима беше тренер на Сантос во три наврати (1999 – 2010, 2022 – 2023, 2024) и освои две национални првенства (2007, 2009) и два трофеи во Копа Либертадорес (2009 и 2010).

Беше селектор и на бразилската женска репрезентација со која ја освои Копа Америка во 2010 година и учествуваше на Светското првенство во 2011 година.

Теми на денот

To top