Фудбал

ФИФА: Фудбалските менаџери заработија рекордни 888 милиони долари

Тоа претставува зголемување за 42.5 отсто во споредба со минатата година, а за повеќе од една третина го надминува претходниот рекорд поставен во 2019 година.

ФИФА: Фудбалските менаџери заработија рекордни 888 милиони долари

Заработката која менаџерите на фудбалерите и клубовите ја оствариле во 2023 година од реализираните трансфери достигна рекордни 888.1 милиони долари, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Тоа претставува зголемување за 42.5 отсто во споредба со минатата година, а за повеќе од една третина го надминува претходниот рекорд поставен во 2019 година.

Англиските клубови имаат најголем придонес во овогодишниот рекорден вкупен износ, потрошувајќи 280 милиони долари за посредничките услуги.

Втори на листата се клубовите од Саудиска Арабија со потрошени 86 милиони долари.

Меѓутоа, вкупниот износ на остварената заработка на фудбалските менаџери е многу повисок, бидејќи во извештајот на ФИФА се вклучени само прекуграничните трансфери, а не и оние реализирани во рамки на една иста држава.

To top