Македонија парламентарни избори 2024

КАКО МАЛИ ЃОКИЦА ОД ДУИ ГО ЗАМИСЛУВА ДЕНОТ ПО ИЗБОРИТЕ? Сите функции за Албанци, Стево и Таче ни градинари нема да бидат! (ФОТО)

Европскиот фронт во Скопје денеска ја одржа првата конститутивна симулациска седница на победничкото Собрание од парламентарните избори како и инаугурацијата на победничкиот кандидат на претседателските избори др. Бујар Османи во име на новоизбраното Собрание, пишува порталот Плусинфо.мк.

КАКО МАЛИ ЃОКИЦА ОД ДУИ ГО ЗАМИСЛУВА ДЕНОТ ПО ИЗБОРИТЕ? Сите функции за Албанци, Стево и Таче ни градинари нема да бидат! (ФОТО)

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрво избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз, а како прва точка на дневен ред ја предложи верификација на мандатите на пратениците и втора точка избор на претседател на Собранието.

Facebook/Ali Ahmeti

По изборот на Зијадин Села за претседател на Собранието, како трета точка на дневниот ред, се предлагаат уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот на Република Северна Македонија, преку измена на Уставот со гласање на 120 пратеници.

Facebook/Ali Ahmeti

Четврта точка на дневниот ред беше Свечената декларација на претседателот на Република Северна Македонија, а по говорот на др. Бујар Османи, првата конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија беше завршена.

Facebook/Ali Ahmeti

Извор: Плусинфо.мк

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top