Фудбал Бундеслига

Тухел ќе го води Баерн и против Арсенал, уверуваат од клубот

-Не размислувам да го отпуштам Томас сега. Тренерот не е секогаш проблемот. Сигурно ќе биде на клупата во Лондон. Сепак, не можам дефинитивно да одговорам дали ќе остане тука до самиот крај на сезоната“, изјави спортскиот директор Еберле.

Тухел ќе го води Баерн и против Арсенал, уверуваат од клубот

Томас Тухел останува на чело на Баерн Минхен и покрај срамниот пораз на тимот од Хајденхајм во Бундеслигата со 3-2. Притоа, тој ќе го води тимот на гостувањето кај Арсенал во Лондон во вторник во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во ова уверија директорите Макс Еберле и Кристоф Фројнд по фијаското на стадионот на новајлијата во Бундеслигата.

Во принцип, веќе беше одлучено Тухел да ги напушти Баварците на крајот од сезоната, но лошите игри и резултати доведоа до очекувања дека тоа може да се случи порано.

-Не размислувам да го отпуштам Томас сега. Тренерот не е секогаш проблемот. Сигурно ќе биде на клупата во Лондон. Сепак, не можам дефинитивно да одговорам дали ќе остане тука до самиот крај на сезоната“, изјави спортскиот директор Еберле.

Дека тренерот ќе го води Баерн на „Емирати“ гарантираше и Фројнд, кој има директорски функции и на „Алијанц Арена“.

To top