Фудбал УЕФА

Лигата на шампиони продолжува според распоредот и покрај терористичките закани

„УЕФА е свесна за терористичките закани и тесно соработува со властите. Планирано е сите натпревари да се играат според предвиденото, со соодветни безбедносни мерки“, се вели во соопштението на УЕФА.

Лигата на шампиони продолжува според распоредот и покрај терористичките закани

Натпреварите од Лигата на шампионите оваа недела ќе се играат според планираното и покрај терористичките закани од Исламска држава, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Медиум поврзан со терористичката група Исламска држава лиферуваше неколку објави во кои повикува на напади на стадионите во Париз, Мадрид и Лондон на кои вечерва и утревечер треба да се одиграат првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.

„УЕФА е свесна за терористичките закани и тесно соработува со властите. Планирано е сите натпревари да се играат според предвиденото, со соодветни безбедносни мерки“, се вели во соопштението на УЕФА.

Во Мадрид ќе се играат два натпревари: Атлетико Мадрид-Борусија Дортмунд и Реал Мадрид-Манчестер Сити. Арсенал во Лондон ќе го пречека Баерн Минхен, додека ПСЖ во Париз ќе ја пречека Барселона.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на 22 март во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва, во кој загинаа 144 лица.

To top