Фудбал Им се восхитува

Гвардиола: Моите играчи се супермени

Манчестер сити има 59 бодови и е на второто место во табелата во Премиер лигата. Заостатокот од водечкиот Ливерпул е еден бод.

Гвардиола: Моите играчи се супермени

Гвардиола ги нарече фудбалерите на Манчестер сити „супермени“ по победата над Борнмут.

„Граѓаните“ вчеравечер на гостински терен славеа победа со 1:0 во 26. коло од Премиер лигата.

– Многу ми се допадна тоа што го видов. Им се восхитувам на моите играчи, тие се супермени. Противникот имаше 7 дена за подготовка, ние имавме помалку, како и секогаш. Луѓето велат дека тимовите во Премиер лигата се рамноправни. Не, ова не важи за нас. Играме многу повеќе натпревари од другите. Им се восхитувам на моите играчи, тие се многу добри. Знам дека луѓето велат дека заработуваат многу, но тоа не е поентата. Конкуренцијата расте и играчите секој пат ме изненадуваат, изјави Гвардиола по натпреварот.

Манчестер сити има 59 бодови и е на второто место во табелата во Премиер лигата. Заостатокот од водечкиот Ливерпул е еден бод.

Теми на денот

To top