Македонија Алијанса за Албанците

Доби поддршка од 75 членови од собранието на партијата: Првата битка во Алијанса ја доби Таравари

Првата битка во „војната“ Таравари-Села ја доби сегашниот лидер на Алијанса за Албанците. Вака може да опише вчерашниот состанок на Централното претседателство на партијата во Куманово кое му даде поддршка на претседателот на партијата кој одлучи да се приклучи кон опозицијата.

На состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер.

Декларацијата е потпишана од уште десет делегати кои не присуствувалe на вчерашниот состанок на Централното собрание.

Сега топката се префрла кај поранешниот претседател Зијадин Села кој за утре закажа Централно собрание и колку од делегатите ќе му дадат поддршка за партијата самостојно да излезе на изборите

To top