Вести

ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ДЕНОТ ГО ПОМИНА СО НЕГО: Марија Шерифовиќ сподели видео со синот, но следбениците ја „преплавија“ за оваа грешка која ја направи!

ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ДЕНОТ ГО ПОМИНА СО НЕГО: Марија Шерифовиќ сподели видео со синот, но следбениците ја „преплавија“ за оваа грешка која ја направи!

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ кон крајот на минатата година стана мајка, а малиот Марио на свет го донесе сурогат мајка.

Од кога стана мајка, евровизиската победничка не се одвојува од синот, а како што постојано истакнува, има огромна помош и поддршка од нејзината мајка Верица.

Таа често споделува моменти со својот син на социјалните мрежи, воодушевувајќи ги своите следбеници.

Така беше за Денот на вљубените, 14 февруари. Марија објави видео кое трогна многумина:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Во описот таа му го честиташе денот на вљубените и на целиот свет му покажа дека е вљубена во својот син со кој го поминува целото слободно време.

Во позадина се слушаше песната на Марија „Доаѓа љубов“, по која таа го именуваше нејзиниот нов албум, а беше посветен на наследникот Марио!

Во коментарите под видеото имаше серија на реакции:

– „Преслатко“, „Љубов“, „Колку среќа на едно место“, „Мара мила, ти си совршена мајка. Сета љубов што ја имаше и ја чуваше во себе си ја даде на ова мало чудо. Ти посакувам најубав живот со него”, “Не сум видел ништо поубаво денес”, “Не знам каде последен пат видов човек толку среќен што стана родител! Се радувам на твојата среќа”, ” Љубовта дојде, сè има смисла“ и многу други.

Но, имаше и такви кои ја нападнаа пејачката дека му пушта прегласна музика на штотуку роденото бебе.

Најнови вести од Вести

To top