Во Општина Штип до 15 часот за претседтелските избори гласале 38,90 отсто, а за парламентарните избори 38,86 отсто од вкупниот број избирачи, информираше претседалот на ОИК-Штип, Виктор Вацев.
Тој посочи дека разликата во неколку процентни поени меѓу Претседателските и Парламентарните избори е тоа што има 72 избирачи повеќе на избирачкиот список за парламентарните избори. Тој појаснува дека овие гласачи станале полнолетни.
Во Карбинци за претседателските избори своето право на глас го искористиле 32,43, а на парламентарните избори 32,35 отсто од вкупниот број на избирачи.
Пробиштип има рекордна излезност од 50,06 за Претседателските и 50,03 отсто за Парламентарни избори. Во Свети Николе на гласање излегле 42,10 на Претседателските и на Парламентарните избори 42,09 отсто од вкупниот број на избирачи.
Во изборната единица три најголема излезност има во Крива Паланка 58,29 за Претседателски и 58,18 отсто за Парламентарните избори. Најмала излезност во ИЕ 3 има во Општина Чешиново-Облешево, каде што на Претседателските избори правото на глас го оствариле 31,60 отсто, а на Парламентарните избори 31,49 отсто од вкупниот број на избирачи.