Вести се разобличува уште една фабрикувана приказна на СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Хистеријата за мигрантите му се удри од глава на Филипче

СДС и Венко Филипче последниов период се обидоа да шират паника во јавноста за некои измислени теми, со цел да купат по некој поен преку ширење дезинформации во јавноста, една од тие теми беше темата за наводни мигранти во земјава од Велика Британија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа лажна конструкција на СДС беше демантирана од сите релевантни институции и беше јасно потврдено дека не постои никаков план да се донесат мигранти од Британија.

Дополнителен демант на спиновите на СДС, стигна и од британскиот амбасадор во Земјава, Метју Лосон, кој истакна дека владата на Велика Британија нема ниту намера, ниту пак преговарала за наметнување решение кое не би било прифатливо за македонската Влада.

Лосон особено нагаси дека таков договор не постои и никогаш не постоел.

Со ова целосно се разобличува уште една фабрикувана приказна на СДС, која имаше за цел да внесе страв и да ја манипиулира јавноста, и се докажа дека повторно посегнаа по добро познати, за нив стари, методи на лажни вести и манипулации, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Вести

To top