Вести

Унгарија ќе протера седум украински државјани уапсени при транспорт на готовина и злато

Унгарија ќе ги протера сите седум украински државјани кои беа приведени во земјата додека превезувале готовина и злато од Австрија кон Украина, соопшти денеска унгарскиот владин портпарол Золтан Ковач.

Тој додаде дека тимот што го пренесувал товарот бил „предводен од поранешен генерал на украинската служба за безбедност“, со поранешен мајор од украинските воздухопловни сили како негов заменик, а бил поддржан и од лица со воено искуство.

Претходно, Киев ја обвини Будимпешта дека „зела како заложници“ седум вработени во Државната штедилница на Украина, кои превезувале готовина и злато во вредност од околу 82 милиони американски долари.

Најнови вести од Вести

To top