Вести

Тито Петковски остро го нападна Бранко Црвенковски: Неприфатливо е што одлучи да се затвори дома и да пати

Тито Петковски остро го нападна Бранко Црвенковски: Неприфатливо е што одлучи да се затвори дома и да пати

„Мислам дека е неприфатлив молкот на Бранко Црвенковски. Ако ништо друго, имаме Закон за претседател со кој тој доживотно е финансиски среден, има обезбедување, секретарка“ рече поранешниот политичар Тито Петковски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека Црвенковски се грижи веројатно само за себе, семејството и блиските другари и прајатели.

„Има можност за да седне да пишува, да организира тркалезни маси, да гостува по настани. Тој се одлучи да се затвори дома и да пати“ рече Петковски.

To top