Вести возел со 1,57 промили во крвта

ТЕШКО ПОВРЕДЕН 18-ГОДИШНИК: Пијан излетал од патот со автомобил кај Стојаково

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.П., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.  

ТЕШКО ПОВРЕДЕН 18-ГОДИШНИК: Пијан излетал од патот со автомобил кај Стојаково

18-годишен возач пијан излетал од пат со возило во гевгелиско.

– На 13.07.2025 во 06.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат помеѓу селата Богородица и Стојаково, гевгелиско, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(18) од село Стојаково, излетало надвор од патот. Од преземените мерки било утврдено дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно со 1.57 промили алкохол во крвта, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.П., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Најнови вести од Вести

To top