Свет заразени повеќе од 7 илјади

Зимбабве прогласи вонредна состојба во Хараре поради епидемија на колера

Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата, Хараре, поради епидемија на колера, објави градоначалникот, Иан Маконе, пренесува Би-Би-Си.

Зимбабве прогласи вонредна состојба во Хараре поради епидемија на колера

Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени. Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна.

Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се справуваат со големиот број заразени по избувнувањето на епидемијата. Во него се укажува за недостиг на здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за да се запре ширењето на болеста.

Министерството за здравство на Зимбабве вчера соопшти дека во земјата се регистрирани 7.398 случаи, 50 починале, а 109 лица се примени на болничко лекување.

To top