Вести состојбата значително ќе се влоши

Тедрос: Епидемијата на колера на Хаити може да се распламти

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека епидемијата на колера на Хаити, која се намалува од крајот на минатата година, би можела повторно да се разгори доколку продолжат превирањата во оваа островска држава на Карибите.

Тедрос: Епидемијата на колера на Хаити може да се распламти

„Одговорот на колера и следењето на податоците веќе се погодени од неодамнешното насилство“, изјави Гебрејесус за новинарите на виртуелен брифинг.

Тој посочи дека состојбата значително ќе се влоши во наредните недели доколку нема доволно гориво и наскоро не се подобри пристапот до основните медицински материјали.

Немирите во центарот на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс и во областа на меѓународниот аеродром во градот започнаа на 29 февруари, во отсуство на премиерот Ариел Анри, кој беше во Кенија во обид да го финализира распоредувањето на странски вооружени сили на Хаити за борба против бандите.

To top