Свет 4 степени според Рихтер

Земјотрес во Романија

Земјотресот се случил на длабочина од 15,8 километри.

Земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Романија.

Земјотресот се случил на длабочина од 15,8 километри.

Епицентарот на земјотресот е во близина на следните градови: 24 километри западно од Слобозија, 62 километри јужно од Бузау, 79 километри источно од Букурешт, 91 километри југоисточно од Плоешти.

Следеа три последователни потреси со јачина од 2,2, 2,3 и 2,9 степени. Тие беа регистрирани за неколку часа.

Минатата година најсилниот земјотрес регистриран во Романија беше со јачина од 5,7 степени и се случи на 14 февруари во округот Горц на длабочина од 6,3 километри.

Најнови вести од Свет

To top