Свет земјотрес

Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди северна Турција

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во текот на изминатата ноќ ја потресе турската покраина Токат, во северниот дел од земјата, соопшти утринава турската Агенција за управување со катастрофи AFAD, пренесе ДПА.

Потресот бил почувствуван и во соседните покраини Самсун, Амасја, Орду и Сивас, соопшти AFAD.

Земјотресот е регистриран во 3:35 часот наутро на длабочина од 6,37 километри.

Во моментов нема негативни влијанија, соопшти AFAD.

Училиштата и градинките во Токат ќе останат затворени еден ден, објави канцеларијата на гувернерот на Токат на Икс.

Во Турција има бројни раседи, кои се тектонски пукнатини или точки на прекин во карпата, потсетува ДПА.

To top