Свет турска провинција Ван

Земјотрес ја стресе Турција

Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета.

Земјотрес ја стресе Турција

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени е регистриран денеска во источната турска провинција Ван, соопшти турската сеизмолошка опсерваторија Кандили со седиште во Истанбул.

Земјотресот се случил во 15:49 часот по локално време, епицентарот бил во градот Мурадије, а неговата длабочина била пет километри.

Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета.

На 23 октомври 2011 година, округот Ван, кој се наоѓа во високо сеизмичка зона, беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени. Во земјотресот загинаа 604 луѓе, а беа уништени огромен број згради.

Најнови вести од Свет

To top