Европските сојузници на НАТО и Канада во 20225 година потрошија рекордни суми за одбрана, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте.
Според денеска објавениот извештај, расходите за одбраната минатата година се зголемиле за 19,6 отсто на 574 милијарди долари, додека во 2024 година растот изнесуваше 19,4 проценти.
– Сојузничките трошоци за одбрана и производство мора брзо да се зголемат, нашите вооружени сили мора да го имаат она што им е потребно за да нè чуваат безбедни, а Украина мора да го има она што ѝ е потребно за да се одбрани. Нашите влади, парламенти и нашите граѓани мора да бидат заедно во ова. За да можеме да продолжиме да го заштитуваме мирот, слободата и просперитетот, посочи Руте.
И покрај неодамнешните зголемувања, европските и канадските воени трошоци сè уште заостануваат зад трошоците на САД.
Во 2025 година, сите 31 сојузници потрошија најмалку 2 проценти од бруто домашниот производ, исполнувајќи го ветувањето за трошоци утврдено во 2014 година. Земјите-членки на Алијансата во јуни минатата година се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана и безбедност на пет отсто од БДП до 2035 година.