Свет киев

Зеленски за Аксиос: Долгата војна во Иран е од корист за Русија, а на штета за Украина

Според него, руската економија добива поттик од зголемувањето на цените на нафтата и олеснувањето на санкциите на САД, додека Украина би можела да се соочи со недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана и друго клучно оружје.

Зеленски за Аксиос: Долгата војна во Иран е од корист за Русија, а на штета за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Аксиос дека продолжениот конфликт во Иран би можел да биде „многу корисен“ за Русија, но штетен за Украина.

Според него, руската економија добива поттик од зголемувањето на цените на нафтата и олеснувањето на санкциите на САД, додека Украина би можела да се соочи со недостиг на пресретнувачи на воздушна одбрана и друго клучно оружје.

Зеленски нагласи дека Украина споделила разузнавачки информации со лидерите на Блискиот Исток за руската помош за Иран, вклучително и потенцијална поддршка во гаѓањето на американските и сојузничките воени бази.

Тој додаде дека, според неговите сознанија, Русија директно го поддржува Иран, вклучително и споделување сателитски снимки и оперативно искуство од војната во Украина.

„Сигурен сум дека Русија сака долга војна. Тие имаат придобивки: САД се фокусираат на Блискиот Исток и можат да ја намалат воената помош за Украина. Санкциите се делумно укинати. Гледам само придобивки за Русија од продолжувањето на војната со Иран“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател, исто така, изрази загриженост во врска со ослободувањето на САД од санкциите за руската нафта, што, според него, дополнително ја зајакнува Москва во сегашната енергетска криза.

За време на неодамнешното патување на Блискиот Исток, Зеленски разговараше со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Јордан за можна украинска безбедносна помош, додека посетата на Израел не се реализираше.

Зеленски, исто така, предупреди на можен притисок од американската администрација по завршувањето на конфликтот во Иран, нагласувајќи дека Киев би можел да биде принуден да направи територијални отстапки за да се стави крај на војната, што, вели тој, претставува ризик за безбедноста на Украина.

„Тие сакаат да ја завршат војната. Мојата загриженост е дека гледаат само еден начин да го сторат тоа. Сигурен сум дека претседателот  Трамп и неговиот тим сакаат да ја завршат војната. Но, зошто ние мора да плаќаме за ова? Ние не сме агресорите. Тие не гледаат друг начин да го запрат  Путин освен да ги повлечат украинските трупи од нашата територија. Мојата загриженост е што никој навистина не ја цени опасноста од таквата одлука за нашата безбедност“, рече Зеленски.

To top