Свет САД

Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна

Трамп постојано изјавува дека ќе може да ја прекине војната во Украина за неколку дена преку директен контакт со Путин. 

Зеленски: Намерата на Трамп со отстапки да ја заврши војната во Украина може да биде опасна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека намерата на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, да ја заврши војната во Украина преку отстапки може да биде опасна не само за Украина, туку и за позицијата на САД во светот бидејќи, како што изјави, рускиот претседател Владимир Путин нема намера да застане доколку победи во војната.

Зеленски во интервју за Гардијан рече дека е убеден дека Путин нема да застане во Украина и ќе оди понатаму доколку победи во војната.

Зеленски оцени дека евентуалниот договор меѓу Трамп и Путин за завршување на војната во Украина нема да го спречи рускиот претседател и натаму да освојува и дека тоа би значело дека Трамп е губитник, пренесоа украинските медиуми.

-И тогаш Путин ќе продолжи понатаму, сфаќајќи дека САД повеќе не се толку голем играч, а потоа на сцената ќе влезат други авторитарни лидери на други земји. Ова е трета светска војна, рече Зеленски.

Трамп постојано изјавува дека ќе може да ја прекине војната во Украина за неколку дена преку директен контакт со Путин.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top