Свет На маргините на состанокот на СЕФ во Давос

Зеленски му рекол на Столтенберг дека очекува НАТО да донесе одлуки што ќе ја доближат Украина до влез во Алијансата

Украинскиот лидер, исто така, го информирал Столтенберг за ситуацијата на линијата на фронтот, според соопштението од претседателскиот кабинет на Зеленски, и му се заблагодарил за постојаната поддршка од НАТО.

Зеленски му рекол на Столтенберг дека очекува НАТО да донесе одлуки што ќе ја доближат Украина до влез во Алијансата

На маргините на состанокот на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека очекува НАТО да донесе одлуки годинава што ќе ја доближат неговата земја до пристапување во Алијансата.

Украинскиот лидер, исто така, го информирал Столтенберг за ситуацијата на линијата на фронтот, според соопштението од претседателскиот кабинет на Зеленски, и му се заблагодарил за постојаната поддршка од НАТО.

Зеленски, исто така, ја подвлекол важноста од зајакнување на системите за воздушна одбрана на Украина наспроти неодамнешното руско гранатирање на украинските градови.

To top