Свет

Зеленски им се заблагодари на САД по најавената помош за Киев од околу осум милијарди долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Џозеф Бајден и на двете партии во американскиот Конгрес, откако беше објавено дека САД ќе испратат воена помош на Киев во вредност од речиси осум милијарди долари и ќе воведат нови санкции против Русија.

„Во име на украинскиот народ и нашите храбри воини на фронтот, му благодарам на нашиот најблизок сојузник, Соединетите Американски Држави, што најде начин да ја отстапат преостанатата безбедносна помош во Украина и да обезбедат претседателските овластувања да траат до крајот на фискалната година во САД“, напиша Зеленски на мрежата Икс.

Тој посочи дека Киев ќе ја искористи новата американска помош за на најефикасен начин да ги постигне главните цели, односно победата на Украина, праведен и траен мир, како и трансатлантска безбедност.

„Благодарен сум на САД што ги обезбедија најкритичните потребни работи за заштита на нашиот народ, дополнителна батерија за системот за противвоздушна одбрана Патриот, како и други системи за пресретнување на воздушната одбрана, беспилотни летала, ракети со долг дострел и муниција за системите воздух-земја, и средства за зајакнување на одбранбената индустриска база на Украина“, напиша Зеленски.

Украинскиот претседател особено ја нагласи одлуката за проширување на програмите за обука на повеќе пилоти за летање со авиони Ф-16, како и новите санкции кои се воведени за „дополнително да се ограничи способноста на Русија да ја финансира агресијата против Украина“.

To top