Во Шарм ел Шеик започна нова рунда преговори меѓу Израел и Хамас со посредство на Египет. Мировениот план предвидува меѓународна преодна управа за Газа, предводена од поранешниот британски премиер Тони Блер.
На двегодишнината од почетокот на најновата фаза од израелско‑палестинскиот конфликт, кој се смета за еден од најдолгите модерни војни, денес започна нов политички процес со цел да се постигне траен мир и конечно воспоставување независна Палестина.
Иако многу земји ја признале палестинската држава, Палестинците претрпеа големи жртви во конфликтот со Хамас и Израел – досега загинаа повеќе од 62.800 лица, тие беа протерани речиси од целиот Појас Газа, стеснети на Западниот брег, а огромен број се иселени во соседни држави.
Разорните израелски бомбардирања, кои речиси го уништија Појасот Газа, предизвикаа антиизраелски протести низ светот. Покрај тоа, антисемитизмот е на раст како ретко кога во историјата.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, пред отпочнувањето на преговорите во Шарм ел Шеик, порача дека „вистински мир на Блискиот исток нема да се постигне додека не се воспостави независна палестинска држава според меѓународното право и додека правата на нејзините легитимни сопственици не се вратат“.
Сепак, во реалноста, ретко што оди во прилог на овој амбициозен план, и покрај неодамнешниот бран признавања на палестинската државност на Генералното собрание на Обединетите нации, што само го потврди колку одлуките на хартија можат да се разликуваат од стварноста.
Со прекин на огнот и враќање на заложниците е долгогодишен дел од преговорите. На 7 октомври 2023, Хамас убил околу 1.200 лица, претежно цивили, и киднаповал повеќе од 250 Израелци. Од нив, 140 беа вратени живи, а околу 40 остануваат во рацете на Хамас, од кои половина се живи.
Мировниот план на околу дваесетина страници, кој треба да биде предмет на преговорите меѓу израелската делегација на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху и претставниците на Хамас, со Египет како посредник, сугерира воспоставување меѓународна преодна управа (GITA – International Transitional Authority for Gaza). Во овој план, поранешниот британски премиер Тони Блер би ја предводел оваа управа.
Планот предвидува управата да трае три до пет години, по што власта би се префрлила на „реформска палестинска власт“, чиј состав засега не е јасен, пренесува Ал Џезира.