Свет не открива со кого

Захарова: Лавров ќе има повеќе билатерални средби во Скопје

Посочи и дека на неколку руски новинари им било онезвоможено да го следат учеството на руската делегација на настаните во Скопје.

Захарова: Лавров ќе има повеќе билатерални средби во Скопје

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе има повеќе билатерални средби на маргините од Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, а се предвидени и мултилатерални состаноци, соопшти денска портпаролката на МНР на Русија Марија Захарова.

– Можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални средби, во мултилатерални формати, информира Захарова на денешниот брифинг во Москва, пренува ТАСС.

Захарова не откри детали со кого се Лавров ќе се сретне во Скопје, но се пожали на опструкции од, како што наведува, САД и „колективниот Запад“ со цел да се спречи нормалното учество на Русија на форумот на ОБСЕ. Посочи и дека на неколку руски новинари им било онезвоможено да го следат учеството на руската делегација на настаните во Скопје.

To top