Две девојчиња загинаа, а пет деца се повредени откако вооружено лице пукаше врз школски автобус во Пакистан.
Инцидентот се случи во градот Аток, во централната провинција Пенџаб, кога децата патувале кон училиштето.
Загинатите и повредените деца се на возраст од пет до десет години.
Мотивот на злосторството сè уште не е познат.