Израелскиот кандидат за Евровизија, Шаул Гринглик загина на 26 години во војната во Газа. Како што пренесуваат странските медиуми, Министерство за одбрана на Израел извести за смртта на тројца припадници на вооружените сили, во војнаtа што се води во Појасот Газа. Меѓу тројцата загинати е и капетанот Шаоли Гринглик.
רק לפני 3 שבועות: האודישן ב"הכוכב הבא" של סרן שאול גרינגליק ז"ל שנפל ברצועה – "יש לך כישרון טבעי"https://t.co/8mPDE1EdQ2 pic.twitter.com/jhhBGp8FwJ
— החדשות – N12 (@N12News) December 26, 2023
Како што пишува „Еуровижн фан“, Гринглик пред неколку недели бил на аудиција во шоуто „Новата ѕвезда“ во кое ќе се избере кандидатот кој треба да го претставува Израел на Евровизија 2024 во Шведска.
Имено, тој на 3 декември се појави во израелското шоу, а во тој период бил на одмор откако бил мобилизиран во војната против Хамас. Облечен во воена униформа, тој отпеал балада која ги воодушевила сите. Гринглик со 83 отсто гласови успеал да се пласира во следната фаза на натпреварот и наскоро требаше повторно да настапи, бидејќи е завршена фазата на аудиции.
Еден од судиите во споменатото шоу, по смртта на Шаул, на социјалните мрежи напиша дека овој млад човек претходно се откажал од понатамошната конкуренција, поради воените обврски.
„Оваа година ја замислив поинаку, како година на аспирации и живеење на моите соништа. Сега го живеам мојот стар сон, да се борам за државата. Нов, поинаков сон ќе треба да почека малку“, напиша Гринглик на Фејсбук.