Свет поплави

Втора жртва на поплавите во јужна Германија, водостојот на реките и натаму расте

Бројот на загинати во големите поплави во јужна Германија порасна на двајца откако беше пронајдено телото на исчезната жена. Канцеларот Олаф Шолц го посети поплавениот регион, додека властите предупредија дека водостојот на реките би можел да продолжи да расте во некои области.

Телото на 43-годишната жена, по која се трагаше од неделата наутро, беше пронајдено во подрумот на поплавена зграда во баварскиот град Шробенхаузен. Вчера загина и еден пожарникар откако се превртел гумен чамец во кој бил со колегите.

Постојаните поројни дождови доведоа до големи поплави во јужните сојузни покраини Баварија и Баден-Виртемберг, што го наруши и сообраќајот и прекина железнички линии кон Минхен.

„Ситуацијата останува критична и тензична. Водата се повлекува на некои места, но на други има нови поплави и евакуации“, изјави гувернерот на Баварија, Маркус Зедер.

Канцеларот Шолц предупреди дека луѓето во Германија мора брзо да се прилагодат на природни катастрофи, како поплави.

„Ова не е само еден настан каков што немало со векови. Честите поплави во последно време покажуваат дека не можеме да ја занемариме задачата да ги запреме климатските промени предизвикани од човекот“, изјави Шолц.

Најнови вести од Свет

To top