Свет трката ќе биде доста тесна

Втор круг локални избори во Франција

Кога станува збор за изборите за градоначалник на Париз, три анкети предвидуваат победа за кандидатот на обединетата левица со исклучок на „Непокорна Франција“, Емануел Грегоар

Втор круг локални избори во Франција

Во Франција денеска се одржува вториот круг од локалните избори, а во повеќе големи градови трката ќе биде доста тесна, според анкетите, особено во Париз и Лион.

Како што објави ТФ1, кога станува збор за изборите за градоначалник на Париз, три анкети предвидуваат победа за кандидатот на обединетата левица со исклучок на „Непокорна Франција“, Емануел Грегоар, кој би можел да освои меѓу 44,5 и 48 проценти од гласовите, додека веднаш по него следува неговата десничарска противничка Рашида Дати, со можни 41 до 45,5 проценти од гласовите.

Третиот кандидат за градоначалник на француската престолнина, претставничката на „Непокорна Франција“, Софија Чикиру, би можела, според анкетата спроведена од ИФОП Фидуциал, да освои 10 проценти од гласовите, а тие би можеле да бидат клучни за конечниот исход од трката.

To top