Свет САД

Врховниот суд на САД бара одговор од обвинителот на барањето на Трамп да се одложи судењето

Барањето на Врховниот суд е упатено еден ден откако Трамп побара од судот да интервенира во случајот.

Врховниот суд на САД бара одговор од обвинителот на барањето на Трамп да се одложи судењето

Врховниот суд на САД му даде рок на специјалниот обвинител до следниот 20 февруари да одговори на барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го одложи судењето поврзано со неговиот наводен обид да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Барањето на Врховниот суд е упатено еден ден откако Трамп побара од судот да интервенира во случајот.

Трамп ја оспорува одлуката на федералниот апелациски суд во која се наведува дека може да се соочи со кривична пријава.  (МИА)

To top