Свет вознемирувачко видео

(Вознемирувачко видео) Со нож нападнат политичар, полицијата го ликвидирала напаѓачот – Хорор во Германија

Неколку лица во германскиот град Манхајм, меѓу кои и десничарски антиисламски активист, се повредени кога напаѓач ги избодел, соопшти полицијата.

За Билд е потврдено дека се работи за конзервативниот политичар и антиисламист Михаел Стурценбергер (59).

На снимката се гледа како маж вооружен со голем нож се нафрлува на друг маж пред и двајцата да паднат на земја. Разбеснетиот напаѓач ја избодел својата жртва неколку пати во лицето, вратот и градите.

Полицијата во Манхајм го соопшти инцидентот, велејќи дека биле нападнати неколку лица.

„Едно лице нападнало неколку лица со нож и ги повредило. Засега не може да се даде информација за степенот и тежината на повредите. Потоа против напаѓачот било употребено огнено оружје. Повреден е и напаѓачот. Службата за спасување и итната помош , како и спасувачкиот хеликоптер Јавноста не е во опасност“, се вели во соопштението на германската полиција, пренесува мондо.рс.

Најнови вести од Свет

To top