Свет Во банани

Во Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин

Полицијата соопшти дека сега работи на откривање на криминални мрежи вклучени во шверц на кокаин. 

Во Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин

Рекордна количина од 5,7 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 52,62 милиони евра, е запленета во пристаништето Саутемптон во Велика Британија, скриена во пратка со банани од Јужна Америка.

Кокаинот бил откриен на 8 февруари, а пратката била наменета за Хамбург, Германија, пренесува „Скај њуз“.

Полицијата соопшти дека сега работи на откривање на криминални мрежи вклучени во шверц на кокаин.  (МИА)

To top