Свет

Во Турција запленети 2,5 тони дрога во операција на различни места во земјата

Во Турција запленети 2,5 тони дрога во операција на различни места во земјата

Турција заплени речиси 2,5 тони дрога во операција спроведена на територијата на 49 окрузи во земјата, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

Во акциите запленети се 2428 килограми наркотични материи и близу 889 илјади наркотични таблети. Приведени се 336 нарко шверцери и дилери на дрога, соопшти министерот.

Во акцијата под кодно име „Наркочелик-35“, спроведена под координација на Управата за борба против нарко-криминалот при Главната управа на полицијата, учествуваа 2.081 персонал, 832 екипи, 10 авиони и 39 специјално обучени кучиња.

Акциите беа спроведени во 49 од вкупно 81 област на Турција, вклучително и Истанбул, Анкара, Анталија, Бурса, Измир.

Најнови вести од Свет

To top