Свет изборна закана

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Неговото апсење ги предизвика, како што објавија медиумите, најголемите антивладини протести во последната деценија.

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Турција денеска ја отфрли меѓународната „осуда“ за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и протестите кои следеа, а властите соопштија дека уапсиле речиси 1.900 луѓе поради учество во демонстрациите.

Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој имаше предност во некои анкети, беше уапсен во неделата и приведен во очекување на судењето поради обвиненија за корупција.

Неговото апсење ги предизвика, како што објавија медиумите, најголемите антивладини протести во последната деценија.

Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) на Имамоглу, други опозициски партии, организации за човекови права и западни сили рекоа дека случајот против градоначалникот е „политизиран обид да се отстрани потенцијалната изборна закана за Ердоган“.

Владата негира какво било влијание врз судството и тврди дека судовите се независни.

To top