Свет

Во Турција приведени 14 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Министерот рече дека за време на операциите петмина осомничени биле приведени во Ескишехир, шест во Јалова, двајца во Газиантеп и уште еден во Самсун.

Во Турција приведени 14 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Турските безбедносни сили приведоа 14 лица осомничени за поврзаност со терористичката група „Исламска држава“, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Јерликаја прецизираше дека тие биле приведени во рамките на операцијата „Боздоган-22“ спроведена во областите Ескишехир, Газиантеп, Самсун и Јалова од соодветните полициски дирекции во координација со Генералниот директорат за безбедност и Одделот за борба против тероризмот.

Министерот рече дека за време на операциите петмина осомничени биле приведени во Ескишехир, шест во Јалова, двајца во Газиантеп и уште еден во Самсун.

To top