Свет загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот

Според турските медиуми, пред судот во Адијаман (југоисток во земјата) се појавиле 11 обвинети, меѓу кои и сопственик на хотелот, а обвинети се за „свесно невнимание“ при надзорот на изградбата на десеткатницата што се урна во земјотресот, при што загинаа 72 лица.

Во Турција почна судењето за уривањето згради во земјотресот

Првото големо судење поврзано со изградбата на згради кои се урнаа во катастрофалниот земјотрес во февруари 2023 година, во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а во овој случај хотелот „Исијас“ во Адијаман, започна денеска во Турција.

Според турските медиуми, пред судот во Адијаман (југоисток во земјата) се појавиле 11 обвинети, меѓу кои и сопственик на хотелот, а обвинети се за „свесно невнимание“ при надзорот на изградбата на десеткатницата што се урна во земјотресот, при што загинаа 72 лица.

Според обвинението, најмалку еден од катовите на хотелот бил незаконски дограден. Во вештачењето е утврден и многу слабиот квалитет на употребениот градежен материјал. Обвинетите се соочуваат со повеќе од 20 години затвор.

Градот Адијаман се наоѓа на помалку од 100 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер кој се случи на 6 февруари 2023 година. Градот беше уништен во земјотресот.

Во земјотресот загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и 6.000 во Сирија.

Уапсени се повеќе од 260 лица кои учествувале во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот, а дел од нив се обиделе да побегнат од Турција. Градителот на 12-катница во Антакија наречена ренесансна резиденција, чии неколку стотици жители загинаа под урнатините, беше уапсен на аеродромот во Истанбул на 10 февруари додека се обидувал да побегне во Црна Гора.

Најнови вести од Свет

To top