Свет Истанбул

Во тек се руско-украинските преговори во Истанбул

Неименуван турски извор за агенцијата изјави дека јазикот на кој се одвиваат преговорите го одредуваат делегациите, а минатата рунда преговори се водела на руски јазик.

Во тек се руско-украинските преговори во Истанбул

Третата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во палатата Чираган во Истанбул е во тек.

Шефовите на делегациите ги почнаа билатералните преговори, а во моментов се одржува состанок лице в лице меѓу секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, и помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, јави агенцијата Риа.

Според Анадолија, на почетокот на преговорите присуствувал и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан кој рекол дека крајна цел на преговорите е прекин на огнот кој ќе отвори пат кон мир.

Рундата најверојатно ќе трае само еден ден, односно нема да продолжи утре.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Неименуван турски извор за агенцијата изјави дека јазикот на кој се одвиваат преговорите го одредуваат делегациите, а минатата рунда преговори се водела на руски јазик. (МИА)

To top