Свет Мајка и 3 деца загинаа синоќа

Во руските напади врз Украина досега загинаа 589 деца, а 1.681 се ранети

Украинските медиуми денеска објавија дека во руските напади досега се убиени повеќе од 2.270 деца- 589 се убиени, а најмалку 1.681 дете се ранети.

Во руските напади врз Украина досега загинаа 589 деца, а 1.681 се ранети

Мајка и нејзините три деца загинаа во руски ракетен напад врз Криви Рих доцна синоќа, објави денеска гувернерот на тој град во централна Украина, Олександар Вилкул, а украинските медиуми објави јазбирни податоци за жртвите на децата од почеток на руската агресија против Украина.

Телата на четири жртви биле извлечени од урнатините од спасувачки тим откако балистичка ракета погодила петкатница во тој град, јавува Радио Слободна Европа.

Во исто време, украинските медиуми денеска објавија дека во руските напади досега се убиени повеќе од 2.270 деца- 589 се убиени, а најмалку 1.681 дете се ранети.

-Повеќе од 2.270 деца беа погодени од руската воена агресија во Украина. До утрото на 12 ноември 2024 година, според официјалните податоци на обвинителот за малолетници, загинале 590, а повеќе од 1.681 се повредени од различен степен, се вели во извештајот на Канцеларијата на главниот обвинител објавен на Телеграм.

To top