Тој посочува дека на повредените им е пружена неопходна помош, а сите надлежни служби ги отстрануваат последиците од непријателскиот напад.
„Службите за спроведување на законот регистрираа уште едно злосторство извршено од Русите. Утре ќе биде прогласена жалост во Одеса и во регионот. Изразувам искрено сочувство до роднините на загинатите“, изјави регионалниот гувернер.
Оштетена е цивилната инфраструктура: станбени објекти, стопански објекти, автомобили.