Свет десетици луѓе евакуирани

Во руски напад врз Киев повредени 13 луѓе

Остатоците од соборените руски ракети погодија повеќе станбени згради, индустриски објекти и градинки.

Во руски напад врз Киев повредени 13 луѓе

Најмалку 13 луѓе се повредени, меѓу кои и едно дете во рускиот ракетен напад врз Киев, соопшти украинската Служба за вонредни ситуации.

Поради нападот десетици луѓе се евакуирани од своите домови.

Директорот на Воената управа на Киев, Сергеј Попко изјави дека над Киев се соборени околу 30 крстосувачки ракети.

Остатоците од соборените руски ракети погодија повеќе станбени згради, индустриски објекти и градинки.

Тоа беше прв голем ракетен напад врз главниот град на Украина во изминатите недели.

Теми на денот

To top