Италијанската Генерална конфедерација на трудот (CGIL) најави генералeн штрајк за петок, 12 декември, поради предлог-буџетот за следната година, кој, според синдикатот, е „неправеден и штетен“ за работниците, пензионерите и младите, објави „Ла Стампа“.
CGIL посочува дека длабокото социјално незадоволство ја наложува потребата од измена на буџетскиот закон.
Штрајкот во железничкиот сообраќај ќе трае од полноќ до 21 часот.
Во некои градови, локалниот превоз би можел да функционира во изменет режим, со исклучок на Рим, каде вработените во јавниот превоз нема да учествуваат, бидејќи веќе биле дел од претходен протест.
Пожарникарската служба ќе штрајкува од 9 до 13 часот.
Школите масовно ќе се приклучат кон протестот, поради што дел од наставата ќе биде откажана или одложена.
Во болниците и здравствените установи можно е доцнење или прекин на помалку итните услуги, а јавните служби би можеле делумно или целосно да бидат затворени, во зависност од недостигот на персонал.
Воздушниот сообраќај се очекува да функционира нормално, но патниците се повикуваат да ги проверат распоредите на летовите пред патување.