Свет Хамас

Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе

Според последниот биланс на Министерството, објавен во петокот, од почетокот на војната со Израел на 7 октомври во Газа загинале 18.800 луѓе.

Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе

Министерството за здравство на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека 110 Палестинци се убиени од синоќа во израелските напади врз Џабалија, на северот на палестинската енклава.

Министерството за здравство соопшти дека во ударите загинале 50 „маченици во куќите на Џабалија“, со што од вчера во тој град загинале вкупно 110 лица.

Според последниот биланс на Министерството, објавен во петокот, од почетокот на војната со Израел на 7 октомври во Газа загинале 18.800 луѓе.

To top