Властите соопштија дека се пронајдени уште шест сомнителни контејнери. Сè уште никој не е уапсен.
Меѓународните картели ја користат Централна Америка за транспорт на дрога во Мексико и во САД.
Во Гватемала минатата година запленети се над три тони кокаин, што е двојно помалку во споредба со 2022 година.
Според Вашингтон, 90 проценти од кокаинот што влегува на територијата на САД се транспортира со авиони, чамци и подморници преку Мексико и Централна Америка.