Германското Обвинителство подигна обвинение против државјанин на САД, кој работел во америкасни воен објект во Германија, поради наводна шпионажа во корист на Кина.
Обвинетиот Мартин Д. Е уапсен во Франкфурт во ноември минатата година, а се товари поради што изјавил дека е подготвен да шпионира за странска разузнавачка служба. Тој минатото лето повеќе пати контактирал со кинеските власти и разузнавачки служби и нудел чувствителни информации за американската армија.
Според германските медиуми, осомничениот не им дал никакви информации на кинеските власти до неговото апсење.
Тој работел за цивилен изведувач на Министерството за одбрана на САД во неидентификуван воен објект во Германија, според соопштението на обвинителството.
Случајот е препратен до судот во Кобленц, западна Германија, кој ќе одлучи за почетокот на судењето.