Свет Ужас

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници

Патнички авион се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми. Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.

На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.  (МИА)

To top