Свет опасна и брзо движечка бура

ВИДЕО: Виетнам се подготвува за удар на моќен тајфун – Евакуации, затворени училишта и аеродроми

Прогнозите покажуваат дека тајфунот потоа ќе се движи кон внатрешноста кон Лаос и северен Тајланд.

ВИДЕО: Виетнам се подготвува за удар на моќен тајфун – Евакуации, затворени училишта и аеродроми

Виетнам ги затвори аеродромите и училиштата и започна масовни евакуации додека се подготвува за најсилната бура оваа година. Тајфунот Каџики, со ветрови до 166 км/ч на море, објави Ројтерс.

„Ова е исклучително опасна и брзо движечка бура“, соопшти владата предупредувајќи дека Каџики ќе донесе обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето.

Со својата долга крајбрежна линија свртена кон Јужното Кинеско Море, Виетнам е особено ранлив на бури кои често одземаат животи и предизвикуваат катастрофални поплави и лизгање на земјиштето. Се очекува Каџики да ги погоди помалку индустријализираните провинции во споредба со областа каде што минатогодишниот тајфун Јаги уби околу 300 луѓе и предизвика штета од околу 2,8 милијарди евра.

Прогнозите покажуваат дека тајфунот потоа ќе се движи кон внатрешноста кон Лаос и северен Тајланд.

Евакуирани се повеќе од 100.000 луѓе

Виетнамските власти соопштија дека денес се евакуирани околу 30.000 луѓе од крајбрежните области. Повеќе од 16.500 војници и 107.000 паравоени трупи беа мобилизирани за да помогнат во евакуациите и во подготвеност за операции за пребарување и спасување, се вели во соопштението на владата.

Властите соопштија дека ќе мора да евакуираат повеќе од половина милион луѓе и им наредија на сите бродови да останат во пристаништето.

Два аеродроми во провинциите Тан Хоа и Куанг Бин беа затворени, според Управата за цивилно воздухопловство на Виетнам. Виетнам ерлајнс и Виетџет откажаа десетици летови до и од погодената област.

Каџики го зафати јужниот брег на кинескиот остров Хајнан во вторникот додека се упатуваше кон Виетнам, што го натера градот Сања да ги затвори бизнисите и јавниот превоз. Метеоролошката служба на покраината Хајнан соопшти дека се очекува времето да се подобри во текот на денот.

To top