Свет Падна големиот наркобос

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Мациас, познат и како Фито, е повторно уапсен откако по повеќе од година дена избега од затвор со максимална безбедност.

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Мациас, познат и како Фито, е повторно уапсен откако по повеќе од година дена избега од затвор со максимална безбедност.

Фито, водач на злогласната банда „Лос Чонелос“, пронајден е во својот роден град Манти, после десетчасовна акција на специјалните сили. Снимката која ја објави еквадорската војска прикажува како војник има вперено пиштол во неговата глава додека се крие во мала дупка под кујната.

Мациас има доста големо криминално досие, вклучително и тужби за убиства и организиран криминал. Во 2011 година бил осуден на 34 години затвор.

Награда од милион долари

За неговото апсење била понудена награда од милион долари. Властите сеуште не објасниле како побегнал од затвор. Бегството е откриено после подолг период, кога војската дошла по него за да го преместат во друг затвор, но нашле само празна ќелија.

По бегството, беше прогласена 60-дневна вонредна состојба. Во тој период, маскирани вооружени лица упаднаа во телевизиско студио за време на пренос во живо, тврдејќи дека имаат бомби.

Интерпол брзо издаде меѓународна потерница за Мациас, кој треба да се соочи со судење во Њујорк за меѓународна трговија со дрога и оружје.

Мациас е обвинет за дистрибуција на кокаин низ целиот свет и шверц на оружје и муниција од Соединетите Американски Држави во Еквадор, во соработка со мексиканските картели.

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа потврди дека неговата влада веќе побарала екстрадиција на Мациас во САД и најави дека „ќе паднат повеќе познати водачи на банди“.

Имал култен статус

Мациас, кој имаше речиси култен статус кај дел од јавноста, беше познат по организирањето забави со алкохол и борби со петли во затвор. Во 2023 година, тој објави видео обраќање до луѓето од затвор, опкружен со вооружени чувари.

Минатата година, САД ги прогласија Лос Чонерос за една од најнасилните банди во светот, додека Еквадор ја означи групата како терористичка организација.

Неговото апсење доаѓа неколку недели откако владата објави дека ќе ја зголеми наградата за неговото апсење на 1 милион долари.

To top