Свет изјава

ВИДЕО: Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Таа е проблем, има проблем со управување со гневот, мислам дека треба да посети лекар, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп одговарајќи на новинарски прашања во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти кои се обидоа да ја пробијат поморската блокада на Газа.

„Таа е само проблем. Значи, таа повеќе не се грижи за животната средина, сега го прави ова? Таа е проблем, има проблем со управувањето со гневот, мислам дека треба да посети лекар. Ако некогаш сте ја гледале, таа е како… Млада личност и е толку лута, толку е луда“,рече американскиот претседател за шведската активистка.

Шведската активистка пристигна во Грција во понеделникот пред навивачка толпа пропалестински активисти откако израелските власти ја депортираа заедно со стотици други активисти. Тие беа уапсени на море додека се обидуваа да достават помош во Газа, објави Ројтерс. Израел потврди дека во понеделникот протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Тунберг, со што вкупниот број на депортирани лица се искачи на 341.

To top